Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се дозволи на луѓето да се вратат во своите домови на тензичната израелско-либанска граница, во неговите први коментари за ситуацијата по бранот експлозии на пејџери и воки-токи насочени кон терористичката група Хезболах.
Бајден на почетокот на состанокот на кабинетот изјавил пред новинарите дека сака „да се увери дека луѓето во северен Израел, како и во јужен Либан ќе можат да се вратат во своите домови, да се вратат безбедно“.
– И државниот секретар, секретарот за одбрана, целиот наш тим работи со разузнавачката заедница за да се обиде да го направи тоа. Ќе продолжиме со тоа додека не го завршиме, но имаме уште да работиме, рече Бајден./МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Евроазискиот економски сојуз динамично се развива
Евроазиската економска унија се покажа како еден…
СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж…
Тоа е уште една измама. Нашиот народ…
Руте: Зеленски неправедно го критикува Шолц
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави…
Трамп најавува крај на трансродовите политики
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Ердоган повторно повика на нов устав
ја, туку неопходност што е одамна задоцнета,…