Бегајќи од возило со кое претходно се судрил и од полициска патрола завршил превртен на кров
Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека по судир со друго возило бил следен низ градот, по што изгубил контрола и се превртел со автомобилот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 мај 2026 година во 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И. (36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „Фолксваген голф“ удрило во неговото возило „Пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки.
Според пријавеното, возилото потоа почнало да го следи низ градот. Додека се обидувал да избега, на крстосницата меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него.
Од страв, како што навел во пријавата, не застанал туку продолжил кон новиот пат за селото Порој, каде што изгубил контрола над возилото и се превртел на кров.
Од СВР Тетово соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегајќи од возило со кое претходно се…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил…
Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти…
На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна…
Експлодирал електричен бојлер, тешко е повредена 42-годишна…
На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР…
Бремена малолетничка хоспитализирана со болки, приведена нејзината…
На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ…
Маж фатен со дрога во Градски парк,…
Млад тетовец уапсен среде ноќ во градскиот…