„Безбеден град“ во Дебар
Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината.
-Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од опремата се поставуваат на повеќе локации, на кружниот тек во близина на општинската зграда, на крајот од булеварот Илирија, на патот кон Струга, како и на локации каде фрекфенцијата е поголема, информираше за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека до целосното активирање на системот, сообраќајната полиција продолжува со засилени контроли со мобилни електронски камери, со цел поголема безбедност и помал број сообраќајни незгоди.
-Системот ќе придонесе кон намалување на брзото возење, опасното претекнување и непрописното паркирање, особено во периодот на зголемен туристички сообраќај. Целта на „Безбеден град“ е намалување на сообраќајните прекршоци и незгоди, како и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, нагласи Димоски, упатувајќи апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ во Дебар
Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува…
Путин ги отфрла повиците за мировни преговори,…
Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците…
ЈА ЧЕКАМЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ ДОГОВОРИ ЗА…
Во вторникот се одржа средба на работната…
Нови 840 станови ќе се градат во…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
(Фото) ОВА СЕ КАЗИНАТА ШТО ЌЕ МОРА…
По новиот Закон за игрите на среќа,…