„Безбеден град“ ќе ги казнува и странските возачи што ги прекршуваат сообраќајните правила низ Македонија

t

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце.

Министерот Тошковски апелираше до сите што транзитираат низ коридорите 8 и 10 во Македонија, дека камерите на „Безбеден град“ функционираат, работат и евидентираат сообраќајни прекршоци.

Тошковски рече дека покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните кои транзитираат во земјава ќе добиваат казни за сторени сообраќајни прекршоци, затоа повика граѓаните кои патуваат да ги почитуваат правилата, укажувајќи дека секој спасен живот е огромен гест.

Министерот апелираше до сите кои транзитираат низ коридорите 8 и 10 да бидат одговорни, бидејќи функционира системот „безбеден град“ и ќе се однесува за сите, без разлика дали е со македонски или со странски регистарски таблици.

– Брзо, ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила, ќе биде токму тука на овој граничен премин, така што апелирам до граѓаните кои управуваат возила со странски регистарски таблички да ги известат дека прекршоците се констатираат и ќе бидат за брзо време доставени до оние кои не ги почитуваат правилата – рече Тошковски.

Во рамки на изјавата Дачиќ кажа дека оние кои транзитираат треба да бидат дел од системот, за што е потребно и европска регулатива. Тошковски потенцираше дека во 21 век, благодарение на технологијата и вештачката интелигенција ќе се најде решение, бидејќи целта е сите да ги почитуваат правилата и да спасат човечки животи, укажувајќи дека казните ќе бидат доставени до македонски, српски државјани или државјани на ЕУ.

– Ако во ова време не најдеме начин како да ги доставиме мислам дека имаме проблем самите со себе. Ќе треба време, процесот не е едноставен за спроведување, но ќе го спроведеме и како што е имплементиран за македонските граѓани, така ќе важи и за останатите кои транзитираат и ги прекршуваат правилата, го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Имаме замислено решение и за брзо ќе ве увериме дека функционира-кажа Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Дачиќ изрази волја да соработува со македонските институции за оваа тема, посочувајќи дека оние кои прават прекршоци засега стравуваат само дека нема да можат да поминат на овој пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Безбеден град“ ќе ги казнува и странските…

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат…

Достоинствено погребан Владо Јаневски – последна почит…

Во Скопје денеска се одржа последното испраќање…

Демографската слика станува сè позагрижувачка – Повеќе…

Природниот прираст е негативен и во градските…

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за работата…

Барањето за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова,…

Лукровски објави фото, се врати на работа…

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од…