„Безбеден град“ ќе снима и она што што не можете да си замислите – погледнете какви прекршоци ќе бидат евидентирани!
„Безбеден град“ ќе снима и она што што не можете да си замислите – погледнете какви прекршоци ќе бидат евидентирани!
Kristal
Граѓанската иницијатива „За почиста Македонија“ иницира воведување автоматска детекција и казнување на фрлањето догорчиња и отпад од возила преку системот „Безбеден град“, со цел намалување на загадувањето и подигнување на јавната еколошка свест.
Од иницијативата посочуваат дека фрлањето догорчиња и отпад од автомобили со години претставува сериозен проблем во државата, како од аспект на загадување, така и од аспект на јавна безбедност. Според нив, воведувањето автоматски санкции ќе доведе до брза промена на навиките кај граѓаните, што го потврдуваат и бројни меѓународни истражувања.
„Ова е мала системска промена, но со огромни придобивки. Кога прекршоците се автоматски детектирани и санкционирани, граѓаните многу побрзо го менуваат однесувањето“, велат од „За почиста Македонија“.
Иницијативата нагласува дека системот „Безбеден град“ веќе функционира во тест-фаза и успешно детектира сообраќајни прекршоци како поминување на црвено светло, неправилно паркирање, некористење безбедносен појас, користење мобилен телефон и пребрзо возење. Според нив, технолошки е возможно системот да се надгради со алгоритам за препознавање на фрлање предмети од возило, практика што веќе се применува во повеќе европски градови.
Од „За почиста Македонија“ потенцираат дека догорчињата се најчестиот вид отпад на улиците, тротоарите и покрај патиштата. Едно догорче содржи токсични материи како никотин, олово и арсен, а за негово целосно разградување потребни се и до 10 години. Дополнително, микропластичните влакна од филтрите завршуваат во почвата и водите, предизвикувајќи долгорочно загадување.
Посебно се нагласува и ризикот од пожари. Фрлањето догорчиња од возило, особено во движење, може да предизвика сериозни шумски пожари, кои секоја година предизвикуваат огромни штети врз природата, имотот и безбедноста на граѓаните.
„Фрлањето отпад од автомобили создава слика на неуредност и неодговорно однесување. Ова остава негативен впечаток кај туристите и директно влијае врз квалитетот на живот во градовите“, додаваат од иницијативата.
Според нив, воведувањето автоматска детекција и казнување ќе придонесе за намалување на загадувањето, намалување на бројот на пожари, зголемување на сообраќајната дисциплина и развој на поодговорно и современо општество.
„Целта не е само казнување, туку создавање навика, култура и свест дека јавниот простор е заедничка одговорност“, порачуваат од „За почиста Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
Сценографијата на прес-конференцијата на Путин со Крим,…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи…
Орце најави албански изведувач во новогодишната програма…
. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…
Мицкоски најавува две нови странски инвестиции во…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека веќе има…
(Видео)Шест години Интервентна полиција со порака „Ние…
„Се трага по бело „БМВ“ управувано од…