Бектеши утре од Софија ќе ја разгледува можноста за снабдување со азербејџански природен гас

t

Министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе одржи состанок во Софија со своите колеги од Бугарија, Романија, Грција и Србија за алтернативно снабдување со гас, а ќе присуствува и претставник од Азербејџан.

По „резот“ на Русија, министерите за економија од регионот договорија средба на која ќе се презентираат потребите на секоја држава за континуирано да продолжи снабдувањето.


Останува неизвесноста до кога земјата ќе има непречено снабдување со природен гас, по одлуката на руската компанија да ја прекине испораката на Бугарија затоа што одбила да го плати гасот во руски рубљи. Единствен гас што се користи во земјава е рускиот гас и засега нема одлука за негова замена.

Бугарските власти најавија решение до крајот на оваа недела и веќе започнаа разговори со Азербејџан за можна замена на рускиот гас.

„Бугарската влада работи на склучување договори за директно снабдување со гас. „Во моментов работиме на испораки од Азербејџан, бидејќи цената според суспендираниот договор е четири пати пониска од онаа со која моментално добиваме руски гас“, рече Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер.

Бугарија како транзитна земја е единственото решение за гасот во Македонија додека не се изградат најавената гасна централа и гасификацијата Александрополис во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова нема крај: Цените на гасот во…

Цените на гасот во Европа го започнаа…

Извозот на гас на „Газпром“ падна за…

Рускиот гасен гигант „Газпром“ соопшти дека неговиот…

„Во моментов нема индикации дека ќе престане…

Откако руската државна компанија „Гаспром“ денеска ја…

Каква реалност нѐ очекува ако Русија каже…

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и…

Гаспром: Русија продолжува да испраќа гас во…

Русија продолжува да испраќа гас во Европа…