Белата куќа го отстрани расистичкото видео со Обама што го сподели Трамп
Белата куќа денеска го отстрани видеото што претседателот Доналд Трамп го сподели на социјалните мрежи, а кое содржеше расистички сцени во кои поранешниот претседател на САД Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама беа прикажани како мајмуни.
Си-би-ес њуз објави дека службеник од Белата куќа изјавил оти видеото е „објавено по грешка од член на персоналот на Белата куќа“ и дека тоа е отстрането.
Одлуката следува по острите реакции и од демократите и од републиканците, кои го нарекоа видеото „расистичко“, „навредливо“ и „неприфатливо“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно денеска изјави дека станува збор за „интернет мемe видео“ во кое Трамп е прикажан како „кралот на џунглата“, а демократите како ликови од филмот „Кралот лав“.
Таа ги отфрли критиките, повикувајќи ги медиумите да „се воздржат од лажен бес“.
Видеото, што трае околу една минута, промовира тврдења дека претседателските избори во 2020 година биле наместени против Трамп.
Кон крајот на видеото, има краток кадар во кој главите на Барак и Мишел Обама се качени на телата на мајмуни, придружени со музика од песната „The Lion Sleeps Tonight“.
Трамп го сподели видеото синоќа на својата социјална мрежа Трут соушал, а линкот сега води до страница која повеќе не е достапна.
Од семејството Обама засега нема коментар за случајот.
For everyone that is saying that Donald Trump didn’t post this pic of Barack and Michelle Obama as monkeys : YES HE DID ! Here is a screenrecording of last part of it ! All the Republicans/Conservatives need to denounce it , but we know they won’t 🤦🏻♀️ . https://t.co/92zzIzQhl5 pic.twitter.com/mvMBGCN1w2
— ✨MAMI 🧚♀️ (@Moms_know_) February 6, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа го отстрани расистичкото видео со…
Белата куќа денеска го отстрани видеото што…
Колкава штета претрпе македонската економија со блокадата…
Билјана Муратовска од асоцијацијата Макамтранс вечерва во…
Опасен вирус со висока температура се шири…
Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ…
Ковачки: Честа да се служи како генерален…
Одговорноста е голема, но честа да се…
Светските цени на храната се намалуваат петти…
Светските цени на храната во јануари се…