Објавено на:

Белата куќа формираше „Мировен комитет“ кој ќе ја надгледува привремената администрација на Газа

t

Белата куќа објави формирање на два нови комитeти за надгледување на администрацијата на Газа за време на преодниот период.
Првиот е таканаречениот „Мировен комитет“, кој ќе ја надгледува привремената администрација на Газа, објави Ројтерс.

Според планот презентиран во октомври, американскиот претседател Доналд Трамп е именуван за претседател на комитетот. Меѓу најавените членови се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Белата куќа не ги прецизираше индивидуалните одговорности на членовите, но рече дека дополнителни имиња ќе бидат објавени во наредните недели.

Второто тело е „Извршниот комитет на Газа“, кој има 11 члена и е задолжен за поддршка на канцеларијата на високиот претставник на ОН за Газа, Николај Младенов, и палестинското технократско тело.

Во комитетот се вклучени турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Сигрид Кааг, министерот за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Рим ал-Хашими, и израелско-кипарскиот милијардер Јакир Габај. Во рамките на пошироката структура, „Комитетот за мир“ ќе ги вклучи и милијардерот, извршен директор за приватен капитал, Марк Роуан, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, и советникот на Трамп, Роберт Габриел.

Белата куќа, исто така, соопшти дека генерал-мајор на американската армија, Џаспер Џеферс, е назначен за командант на Меѓународните сили за стабилизација, чие формирање беше одобрено од Советот за безбедност на ОН кон средината на ноември.
Планот, потпишан од Израел и Хамас, предвидува палестинско технократско тело кое ќе управува со Газа под меѓународен надзор.

Меѓу објавените имиња нема палестински претставници, што предизвика критики од експертите за човекови права, кои рекоа дека структурата наликува на „колонијален модел на управување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа формираше „Мировен комитет“ кој ќе…

Белата куќа објави формирање на два нови…

Поранешниот бугарски МНР, Николај Младенов, ќе го…

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи и…

Децата во Газа се враќаат на училиште…

Децата во градот Газа, за првпат по…

Израел ќе отстрани над 20 хуманитарни организации…

Израел во вторникот соопшти дека ќе суспендира…

СЗО: Над 1.000 пациенти починаа чекајќи евакуација…

Повеќе од 1.000 пациенти починаа во претходната…