Белорусија воведе нови сaнкции за Македонија

Белорусија ја вклучи Македонија на списокот на земји кои подлежат на ембарго за храна, што Минск го воведе како одговор на западните санкции. Документот е објавен на правниот портал на Белорусија.
Владата ја донесе одлуката со цел да обезбеди заштита на националните интереси на Белорусија.
За потсетување, Белорусија на 1 јануари годинава воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од земји кои водат непријателска политика кон неа.
Согласно владината уредба „За примена на посебни мерки за одредени видови стоки“ донесена во декември 2021 година, забраната за увоз се однесува на голем број производи од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Македонија, Обединети Кралство, Црна Гора, Швајцарија.
На списокот на храна чиј увоз е забранет се месни производи, кондиторски производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, овошје, зеленчук, живи свињи, животински масти, кондиторски производи и друго. Ембаргото нема да важи за храна за бебиња и други производи. Одредбите важат шест месеци. Во случај на натамошна негативна динамика на врската, листата на забранети производи може да се дополни, се наведува во соопштението.
Кон петтиот пакет санкции на Европската унија против Белорусија, кон крајот на декември минатата година се приклучија и Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, што е директна причина за ваквата реципрочна мерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
По 17 години Лукашенко повторно во посета…
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко пристигна во Иран. Лукашенко…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…