Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна постапка за министерство за правда и Тупанчески
Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчески и барање за поведување на прекршочна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Бендевска посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.
Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека не извршвуање на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон, рече Бендевска.
Таа додаде дека во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекрши како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…