Бензините поевтинуваат: Ова се новите цени на горивата!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се вршинамалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 %во однос на одлуката од 23.3.2026 година.
Од31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00(денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бензините поевтинуваат: Ова се новите цени на…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
ОКТА го зголемува попустот за дизел на…
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните…
ДУИ: Промена на правилникот за цени на…
Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните…
Србија ја продолжува Уредбата со која се…
Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…
РКЕ донесе одлука: Дизелот поскапува
РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот…