Објавено на:

Бен Валас е убеден дека најавата на Путин за мобилизација е признание дека неговата инвазија пропаѓа!

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин во своето обраќање до нацијата најави делумна мобилизација, која ќе започне денеска. Тој најави и дека Русија ќе биде подготвена да го заштити својот територијален интегритет и дека тоа не е блеф.

Се огласи британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој коментираше дека најавата на Путин за мобилизација е признание на рускиот претседател дека неговата инвазија пропаѓа.

„Тој и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу испратија десетици илјади свои граѓани во смрт, слабо опремени и лошо водени“ – рече британскиот министер и додаде: „Никакви закани и пропаганда не можат да го сокријат фактот дека Украина победува во оваа војна“.

ЕВРОПАБен Валас е убеден дека најавата на Путин за мобилизација е признание дека неговата инвазија пропаѓа!Објавено пред 22 минути – 21 септември, 2022Од Макфакс

Претседателот на Русија, Владимир Путин во своето обраќање до нацијата најави делумна мобилизација, која ќе започне денеска. Тој најави и дека Русија ќе биде подготвена да го заштити својот територијален интегритет и дека тоа не е блеф.

Добивај вести на вибер
Се огласи британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој коментираше дека најавата на Путин за мобилизација е признание на рускиот претседател дека неговата инвазија пропаѓа.

„Тој и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу испратија десетици илјади свои граѓани во смрт, слабо опремени и лошо водени“ – рече британскиот министер и додаде: „Никакви закани и пропаганда не можат да го сокријат фактот дека Украина победува во оваа војна“.

На тема мобилизација говореше и Бриџит Бринк, американската амбасадорка во Украина, која оцени дека најавените референдуми во четири украински региони и делумната мобилизација во Русија се знаци на слабост и неуспех на Русија и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

„Лажните референдуми и мобилизацијата се знаци на слабост и руски неуспех“ – напиша Бринк на Твитер.

Таа нагласи дека САД „никогаш нема да го признаат барањето на Русија за анектираната украинска територија“, според „Си-Ен-Ен“.

„И ние ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина се додека е потребно“ – рече Бринк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…