Беса Транс не е изолиpaн случај – со фалс документи сакале да минат граница: Откриен уште еден случај на вршење јавен превоз без лиценца

t

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско.

При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи.

Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патници доживеале хорор на пат од Скопје…

„Не заспивајте, да не треба да кршиме“,…

(Документи)Катиљ ферманот за Ленин Јовановски и „Слобода…

Пет години, или 60 месеци приватните превозници…

Хаос во Скопје: Насилник извадил нож во…

На 18.10.2022 во 18:00 часот на бул.„Партизански…

(Фото) Сообраќајка кај Собрание на РМ: Се…

Сообраќајна несреќа се случи предмалку во близина…

(Видео) Трагедија: Автобус со деца од Србија…

Во Бугарија се превртел автобус со деца…