Бесими: Со новиот ребаланс на Буџетот нема да има пари за мебел и возила, ќе се трошат за енергенси

t

Со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостувањето на ТВ Сител, Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до крајот на мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи.

-Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и енергенси ќе се додадат, нагласи министерот.

Според Бесими, со ребалансот веројатно ќе има потреба и за зголемување на дефицитот. 

Извор: Независен.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а…

Владата уште еднаш покажа дека нема допир…

Власта не дава пари за плата од…

„Во време кога гори цела држава, а…

Нови амбулантни возила и изградба на Центар…

Пратеничката група на Левица поднесе амандмани на…

Бочварски: Со ребалансот власта ги игнорира потребите…

Според сите релевантни статистики, платите во државата…

(Видео) Мециновиќ: Овој „ребаланс“ е логистички центар…

Во своето обраќање на денешната комисиска расправа,…