Бизарни експерименти во Србија – српски и руски шпиони тестирале звучни топови врз кучиња
Српски разузнавачи тестирале звучни топови врз кучиња во соработка со озогласената руска безбедносна служба, според владини документидо кои дојде „Политико“.
Српските документи потврдуваат дека администрацијата на претседателот Александар Вучиќ спровела експерименти со моќни звучници, познати во јавноста како звучни топови, две недели по антивладиниот протест во Белград кој беше нарушен од, како што демонстрантите го опишаа, разорен звучен удар.
Заедничкото тестирање на звучни оружја врз животни ја нагласува длабочината на безбедносната соработка меѓу Русија и Србија.
Уредите познати како Акустични уреди со долг дострел (Long-Range Acoustic Devices), скратено ЛРАД, се рекламираат како средства за комуникација на далечина, но кога се користат одблиску можат да предизвикаат оштетување на слухот.
Според извештаи, тие можат да предизвикаат и главоболки, вртоглавица и мачнина.
Владата негира дека користела звучни топови против демонстрантите.
Србија е во најголемиот бран протести во последните децении. Повеќе од една година, десетици илјади луѓе — а повремено и стотици илјади — излегуваат на улиците низ целата земја, учествувајќи на редовни масовни протести кои ја одразуваат растечката лутина кон власта.
На 15 март 2025 година, за време на еден од најголемите протести, ненадеен, оглушувачки звук се прошири по главниот булевар во Белград, принудувајќи ги луѓето панично да бараат засолниште.
Видеоснимки, направени од повеќе агли, покажуваат како луѓето почнуваат да бегаат во паника. Демонстрантите, кои се јавиле во белградските служби за итна помош, пријавиле мачнина, повраќање, главоболки и вртоглавица.
Тие изјавиле дека слушнале звук сличен на „група моторцикли“ или „локомотива“ што се движи кон нив.
Откако првично ги отфрли обвинувањата дека властите користеле звучен топ, Вучиќ изјави дека „целосна истрага ќе биде спроведена во рок од 48 часа и дека сите одговорни за ваквите брутални фабрикации и лаги ќе одговараат пред институциите“.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, исто така, негираше каква било злоупотреба, тврдејќи дека Србија „не користела никакви незаконски средства, вклучително и т.н. звучен топ“.
Еден месец по протестот, српската разузнавачка агенција БИА објави извештај што го нарачала од Руската федерална служба за безбедност (ФСБ), во кој се тврди дека уредите со висок децибелен интензитет „не биле користени за време на протестите“ и дека не постоело масовно „психолошко, морално и физичко влијание врз луѓето“.
Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на барањето за коментар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизарни експерименти во Србија – српски и…
Српски разузнавачи тестирале звучни топови врз кучиња…
Кучињата во Карпош не биле од Албанија…
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија…
По огромниот револт на јавноста по социјалните…
Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот –…
Србија и понатаму се соочува со последиците…