Објавено на:

Бизнис интересите на Трамп ги загрозуваат европските перспективи на Албанија и Босна

t

Во Албанија се случуваат жестоки протести по објавата на Специјалното обвинитеслтво дека започнува истрага во врска со договорот на албанската влада со зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Овој контроверзен проект е поврзан со изградба на луксузен ресорт на ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот појас Вјоса-Нарта, чувствителна крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки.

Специјалното обвинителство дека отворило истрага за контроверзни промени во заштитениот статус и сопственоста на земјиштето на кое Кушнер сака да го гради овој ресорт на кој треба да има 10.000 хотелски соби. Во август 2024 година, Кушнер ги откри плановите на „Афинити партнерс“ да го претворат местото во луксузен хотел, а на почетокот на 2026 година ја посети областа со својата сопруга Иванка.

Специјалното обвинителство во Албанија ( СПАК  )беше основан со поддршка од ЕУ и САД како дел од широката реформа на правосудството во земјата во 2019 година. СПАК дејствува независно од националното судство и истражуваше , гони и осуди голем број високи функционери од двете страни на политичкиот спектар. Според неколку независни анкети, СПАК  е моментално  институција која ужива најголема доверба меѓу граѓаните на Албанија.

Оваа истрага на СПАК би можела да го компромитира европското досие на Албанија која има аспирации да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Босански лонец

Мистеријата за исчезнување на контроверзниот Милорад Додиќ од Црната листа на САД беше осветлена со објавата дека фирма на адвокатот на Трамп и неговата фирма без никакво портфолио AAFS,  ќе го гради гасоводот кој ќе ја поврзе Босна со хрватското крајбрежје. Договор вреден 1,5 милијарда долари.

Неодамна пратениците одобрија закон за кој „Транспаренси Интернешнл“ рече дека ќе постави „опасен преседан“ со тоа што ќе предвиди дека договорот мора да ѝ припадне на AAFS без тендер. Претставникот на Брисел во Сараево им достави приватно предупредување на босанските лидери дека ги загрозуваат надежите на земјата за приклучување кон ЕУ.

Во писмо претставникот на ЕУ, Луиџи Сореца, напиша дека, според енергетскиот договор меѓу Босна и Брисел, „клучно е нацрт-законите да бидат темелно координирани“ со ЕУ.

Сореца рече дека Брисел треба да има збор во законодавството за гасоводот. „На овој начин, Босна и Херцеговина може да продолжи да напредува по својот европски пат и да избегне пропуштање на можностите за понатамошна интеграција, како и финансиските можности“, рече тој.

Борјан Јовановски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнис интересите на Трамп ги загрозуваат европските…

Во Албанија се случуваат жестоки протести по…

13 лица уапсени во Грција за измама…

Грчката полиција спроведува операција во регионите на…

Политико: До 560.000 работни места во ЕУ…

Европската комисија предупредува дека земјите од ЕУ…

Британскиот министер за финансии: Неизбежно е повторното…

Британскиот министер за финансии го нарече враќањето…

Ни Мерц ниту Пријателите на Балканот немаат…

Во македонската јавност очигледно јак впечаток остави…