Објавено на:

Бил Гејтс открива што не чека во 2022 година – „Една работа ме загрижува“

t

Американскиот милијардер Бил Гејтс на својот блог откри што не чека 2022 година.

Како што изјави, генерално е оптимист за годината што е пред нас, но изразува и загриженост по некои прашања.

Во неодамнешниот пост на неговиот блог со наслов „Причини за оптимизам после тешка година“, Гејтс дава неколку оптимистички предвидувања – од можен крај на пандемијата до развојот на метаверзумот.

Сепак, тој посочува дека еден проблем особено може да го загрози процесот, а тоа е што луѓето немаат доверба во власта.

„Тоа е едно од прашањата што најмногу ме загрижува како што се приближуваме до 2022 година“, напиша тој, пренесуваат американските медиуми.

Тој посочи дека политичарите мора да бидат важен фактор во решавањето на проблемите, како што се климатските промени и спречувањето на следната пандемија.

„Меѓутоа, малку може да се направи ако луѓето отфрлат се што ќе кажат на почетокот“, напиша американскиот милијардер.

„Ако луѓето не ви веруваат, нема да поддржат големи иницијативи. А кога ќе се случи голема криза, тешко дека ќе ги следат упатствата на властите за да ја преминат бурата“, додаде тој.

Според него, овој скептицизам бил особено очигледен откако се случи пандемијата на коронавирус. Според Гејтс, дезинформациите за коронавирусот се прошириле во САД и во светот, што ја загрозило програмата за вакцинација и со тоа беше одложен крајот на пандемијата.

Гејтс, исто така, истакнува во блогот дека политички мотивираните наслови во медиумите, како и на социјалните мрежи, го зголемиле јазот и тој верува дека владите можеби ќе треба да ги „регулираат“ онлајн платформите за ефикасно да се справат со дезинформациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…

Израел е способен да постигне каква било…

Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…