Објавено на:

Биткоинот со најголем пад во изминатите неколку месеци

t

Биткоинот падна за дури пет отсто на најниското ниво од крајот на септември, паѓајќи под 41.000 долари вчера поради големата распродажба на криптовалутите.

Биткоинот во еден момент се лизна за 3,7 отсто на 40.938 долари, што е негова најниска вредност од 29 септември, пренесува Ројтерс. Во моментов неговата цена е нешто над 42.000 долари.

Најважната светска криптовалута изгуби над 40 отсто од својата вредност откако во ноември достигна рекордна вредност од 69.000 долари за една „монета“, а нестабилноста што ја карактеризираше во сите 13 години од нејзиниот живот не стивнува.

Глобалната компјутерска моќ на мрежата на биткоин драстично падна оваа недела поради исклучувањето на интернетот во Казахстан поради немирите што избија во таа земја, кои се одразија на брзорастечката индустрија за ископување криптовалути таму.

На падот на биткоинот влијаеше и извештајот од состанокот на ФЕД, според кој се очекува премин кон поагресивна монетарна политика со цел да се намали апетитот на инвеститорите за инвестиции во поризични средства, пишува британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доларот падна на најниско ниво во последните…

На девизните пазари, вредноста на доларот во…

Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти

Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти…

Монети „пени“ од пред еден век вредат…

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави…

Биткоинот благо падна на 95.285 евра

Вредноста на Биткоин благо падна за 0,53…

Историски скок на Биткоинот – достигна над…

Криптовалутата достигна ново историско ниво Биткоинот ја…