Блокада на границите од страна на превозниците – протест против новите прaвила на ЕУ, се бара продолжување на престојот во Шенген

t

Со камиони паркирани на граничниот премин Блаце, возачите ги блокираа излезите од државата за тешките товарни возила, како знак на револт против новиот систем за влез и излез и и патни одобренија на Европската Унија, кој го ограничува престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Претседателката на транспортното здружение „Макам-транс“, Биљана Муратовска, изјави дека само доколку се појават превозници на лекови, добиток, експлозив и муниција ќе им биде дозволено да поминат, додека сите останати ќе чекаат заедно со нив сè додека траат блокадите низ целата држава.

„Професијата професионален возач не е ниту турист ниту мигрант. Тој работи во својата држава, возилата се регистрирани во неговата држава, а ЕУ сака да ни забрани да работиме. Кога знаеме дека со секоја држава имаме потпишано билатерални договори во областа на транспортот, кои ни овозможуваат пристап на нивната територија, што значи дека разменуваме дозволи на реципрочна основа и имаме либерализиран транспорт. Сега ни велат – имате дозволи, но нема да можете да работите“, вели Биљана Муратовска.

Блокадите се дел од заедничка акција на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска беше присутен на граничниот премин Блаце, каде што изрази поддршка за протестот на превозниците.

Тој истакна дека, начелно, постојат три можни решенија за надминување на овој проблем.

„Првото решение е одложување на примената на новиот електронски систем за превозниците. Второто решение е зголемување на бројот на денови што превозниците можат да престојуваат во Шенген-зоната, најмалку на 250 дена, поделени во соодветни циклуси, наместо сегашните 180 дена. Третото решение е професионалните возачи и превозници да не се третираат како туристи, туку како што и треба – како професионалци – и врз таа основа или да бидат изземени од овие правила, или нивниот престој да се регулира со работни визи, како што моментално го прави само Швајцарија, со цел да можат слободно да транзитираат“, вели Александар Николоски.

Николоски оцени дека доколку не се постапи во оваа насока, ќе има сериозни последици за економијата на Македонија, регионот, но и за европската економија.

Системот за влез, излез и патни одобренија, поради кој протестираат превозниците, е воведен на надворешните граници на Шенген-зоната и започна постепено да се применува од 12 октомври 2025 година, а се очекува целосно да се имплементира до 10 април 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокада на границите од страна на превозниците…

Со камиони паркирани на граничниот премин Блаце,…

Aмериканскиот „Линколн“ пристигна близу Иран

Американскиот носач на авиони „УСС Линколн“ пристигна…

Бејби биф, манго и папаја ќе се…

Државата има 14,3 милиони денари за патни…

Европската комисија за блокадите на камионџиите од…

Европската комисија е запознаена со блокадите што…