Блупринт група за изборот на шеф на ОЈО ГОКК: Не беше транспарентен, јавноста не ги знаеше ниту биографиите на обвинителите

t

Изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) помина нетранспарентно и стручната јавност немаше можност да се запознае со биографиите на кандидати, реагираат од Блупринт групата за реформи во правосудството.

Нивната реакција следува откако на 7 ноември обвинителите за првпат според новиот Закон за јавно обвинителство на непосредни избори гласаа и го избраа вишиот обвинител Ислам Абази за нов шеф на ОЈО ГОКК.

Од Блупринт групата сметаат дека ваквиот начин е добар, претставува напреден процес кој влијае на унапредувањето на независноста на обвинителите и внатрешната контрола на обвинителската професија, но нивните забелешки се однесуваат на тоа како целиот избор се одвиваше во пракса.

„Блупринт групата забележува дека имаше пропусти во текот на постапката за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК. Имено, процесот на избор беше недоволно транспарентен, па за четирите кандидати недостасуваа податоци за професионалната кариера. Јавноста, а посебно стручната јавност, немаше можност да се запознае со предлог програмата на кандидатите што би влеало доверба во процесот, а би влијаело на доверба во институцијата. Ова е особено важно ако се земе предвид дека станува збор за Обвинител кој ќе раководи со Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чии постапки се од висок интерес за јавноста, медиумски се експонирани и значително влијаат врз формирањето на мислењето и довербата на јавноста во обвинителството и судството во целина“,

велат од Блупринт групата.
По изборот на Абази за шеф на ОЈО ГООК, Тупанчески најавува построги правила и критериуми

Јавноста, пред сè, стручната, порачуваат овие организации, неопходно е да се запознае со професионалните кариери и компетенциите на кандидати. Но, за изборите во понеделникот, според оценките на Блупринт групата, не биле запазени ниту минималните стандарди за процесот да може да се оцени како транспарентен бидејќи ниту биографиите на кандидатите не беа објавени на веб-страницата на Советот на јавни обвинители.

„Блупринт групата изразува загриженост и за начинот на објавување на неофицијалните информации за изборот на Основниот јавен обвинител на ОЈО-ГОКК пред официјално да бидат собрани гласовите од страна на Комисијата за спроведување на изборите и очекува објективно и непристрасно известување базирано на докази и официјални извори“,

додаваат од организациите кои се дел од оваа група.
Избори за шеф на ОЈО ГОКК: Седум гласа за победникот Абази во Штип, а нула за ривалот Незири во Гостивар

Во иднина, порачуваат од Блупринт групата, неопходно е повеќе да се посвети внимание на транспарентноста во изборните процеси во правосудните органи, за да не се создаваат сомнежи во изборот, кои влијаат на довербата во институциите.

Блупринт групата, која ги следи реформите во правосудството, ја сочинуваат: Македонско здружение на млади правници (МЗМП); Институт за европска политика (ЕПИ); Институт за човекови права (ИЧП); Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС); Хелсиншки комитет за човекови права; Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Новиот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази во понеделникот беше избран со 66 гласа. Со само два гласа разлика тој се пласираше пред скопскиот обвинител Ермон Незири. Кандидати беа и досегашната шефица Вилма Русковска која освои 14 гласа, како и обвинителката од Вишото јавно обвинителство Гостивар, Деса Пауновска, која доби 10 гласа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…