Објавено на:

Бобинки, јаболка и банани за здраво срце

t

Кардиолозите велат дека за срцето е најдобро да јадете секој ден бобинки, јаболка и банани.

– Сепак, секое овошје може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок, атеросклерозата, како и за зацврстување на самите артерии – рекол за „Парада“ кардиологот Дипак Вивек.

Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а д-р Вивек и другите кардиолози ги откриваат своите омилени оброци за зајакнување на здравјето на срцето. Вивек рекол дека сака јаболка, бидејќи тие се добар извор на антиоксиданти, влакна, витамин Ц и калиум – а исто така имаат низок гликемиски индекс, така што помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2.

– Мислам дека ми даваат посебна енергија, но и ги спречуваат грчевите во мускулите – објаснил д-р Вивек, пренесува „Њујорк пост“.

– Се покажа дека влакната го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол, два главни показатели за ризикот од срцеви заболувања – рекол д-р Сатјит Бусри.

Омилени грицки му се несолените јаткасти плодови, сувотото овошје и бобинките.

– Овошјето како што се боровинки, малини, имаат највисоко ниво на антиоксиданти, кои се одлични за заштита на вашето срце – рекол тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците реагираат на изјавата на Лукашенко: Тој…

Украинската државна гранична служба објави дека бројот…

(Видео) Се појави снимка од пукањето во…

Снинмка од безбедносните камери на плажата Ахинос…

(Видео) Големо невреме го зафати Куманово: Летаа…

Пороен дожд од 38 литри по квадратен…

ЕКСПЛОЗИЈА НА КАМИОН ВО ТЕЛ АВИВ: Едно…

Едно лице загина вечерва во експлозија на…

Фатен 39-годишен маж додека дувал марихуана на…

39-годишен маж е уапсен на Водно поради…