Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во царината
Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, тој би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.
Според него вработените во Царинската управа се посочени како едни од најкорумпираните. Последниот предлог кој го има Националниот координатор за гранично управување е тие секоја година да бидат ставени на полиграф. Но тоа како што вели тој не е решението за корупцијата во редовите на царина.
-Не сум сигурен дека на тој начин ќе се реши прашањето со корупцијата. И покрај тоа што веќе имам кажано дека оставам стручната јавност да одлучува во делот на полиграфското тестирање и колку точност има полиграфот бидејќи ако на некого врз основа на тоа му го прекинете договорот, а тој нема 100% точност можете навистина некому животот да му го уништите. Се работи за човечки судбини, не е само да го прекинеме договорот за работа. Ако го прекинеме врз основа на полиграф, односно врз презумција дека вие сте криминалец тоа значи многу повеќе за човек и за неговото семејство отколку само прекинување на работниот однос – вели Богоев.
Според него царина би се потпрала само на механизми и практики кои со сигурност кажуваат дали некој е корумпиран или не. Она што е многу битно и што го кажуваат колеги од други царински управи еве на пример од Република Кореја велат дека најдобар начин да се справиш со корупција е со дигитализација – вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
(Видео) Пивоваров: Криминалот нема ни вера ни…
Криминалот нема ни вера ни етничка припадност,…