Божиќна честитка од Арсовска: Ви посакувам здравје, среќа, благосостојба и да ја направиме Македонија подобро место за живеење

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска го честиташе еден од најголемите христијански празници – Божиќ, од пред Соборниот храм каде се одржа централната свечена божествена литургија по повод Христово раѓање.
-На сите православни христијани, на македонскиот народ би сакала да им посакам да бидат среќни, со добро здравје, весели, да живеат во благостојба, оваа година да биде подобра од минатата година . Се надевам дека 2023-та ќе биде година во која ќе си помагаме, ќе бидеме хумани и солидарни и ќе допринесеме за тоа Македонија да биде подобро место за живеење, изјави Арсовска по завршувањето на литургијата.

Арсовска на Фејсбук спдели и фотографии од литургијата каде ја пренесе и пораката на Г.Г.Стефан за почитување на татковината, историјата, културата…

– Утринава во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на литургија по повод големиот празник Рождство Христово – Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г.Стефан, порача со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета оставина од нашите предци.
Честит Божиќ, нека е за многу години! Со пораки за љубов и благосостојба, Ви го честитам денот на Христовото Рождество! – напиша градоначалничката на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби: Празничните мигови нека бидат рефлексија на…
Првиот заменик на претседателот на Владата и…
Ахмети со честитка за Божиќ: Искрени желби…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод…
Божиќна честитка од Арсовска: Ви посакувам здравје,…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска го…
Освен во Македонија, Русија, Србија, православните верници…
Православните верници кои го следат Јулијанскиот календар…
Путин со божиќна честитка до сите православни…
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе…