Бомба од Чавушоглу: Земји членки на НАТО сакаат конфликтот во Украина да продолжи за да се ослаби Русија

Меѓу земјите на НАТО има сили кои се заинтересирани за продолжување на сегашната ситуација во Украина со цел да ја ослабат Русија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.
„Но, кој ќе ја плати цената за тоа? „Украина“, нагласи тој.
„Јас лично не очекував ситуацијата да трае толку долго. Особено по средбата во Истанбул. Но, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО веќе сфатив дека ситуацијата ќе потрае“, рече Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен Турк.
Чавушоглу додаде дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во наредните денови ќе разговара по телефон и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот лидер Владимир Зеленски.
„Ердоган ги повикува да организираат состанок што е можно поскоро за да се постигне одржлив прекин на огнот“, рече Чавушоглу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија нема ништо против рускиот народ,…
На прашање на Инфомакс како ја коментира…
Лавров во април ќе го посети Њујорк?
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров би…
Русија го нападнала Киев со дронови?!
Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила…
Советот за безбедност на ОН не ја…
Советот за безбедност на ОН не ја…
Во иста држава живееме? Каевски вели со…
Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од…