Бомба – Рашковски добил понуда за бугарска помош, па бил пуштен од затвор: Премиерот помага, ќе биде добро
Драги Рашковски е пуштен од затворот „Скопје“ во Шутка во домашен притвор, откако помош за неговиот случај била понудена од Бугарија. За да му се помогне на Рашковски, разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“ каде се гони ексгенералниот секретар.
Обвинителката Ивана Трајчева презентираше пораки разменети 16 дена откако Кривичниот совет реши дека Рашковски може да влијае на сведоци, па затоа го смести во ефективен притвор. Во нив соговорникот на Христов од Бугарија најпрво прашува кој го води случајот, нуди помош и разговори на разни нивоа. Во оваа комуникација вели „Премиерот не може да помогне“.
Следниот пат, кога тие разменуваат нови пораки, Рашковски веќе добива решение од Апелација и судијката Тања Милева, за да оди повторно во куќен притвор наместо да биде во затворот во Шутка. Во оваа комуникација се вели: „Премиерот помага, ќе биде добро“.
Името на соговорникот е непознато, а во телефонот од кои е извлечена комуникацијата е запишан како „БМВ М-Пакет Бугарија“. Следнава комуникација е водена на 07.мај лани, кога Рашковски беше во притвор во затворот „Скопје“.
Драги Рашковски е пуштен од затворот „Скопје“ во Шутка во домашен притвор, откако помош за неговиот случај била понудена од Бугарија. За да му се помогне на Рашковски, разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“ каде се гони ексгенералниот секретар.
„Во затвор ли, зошто? Јави ми се утре да разговараме. Игор многу ми е жал. Ако можам од Бугарија да помогнам, на било кое ниво“, се вели во втората презентирана порака, а Христов враќа: „Тешко е, сепак фала. Политичари“. Соговорникот од Бугарија додава: „Кажи ми и ќе прашам“, а Христов враќа: „Нема како да помогнеш“.
„И кај нас не е добро ама можам да прашам. Тој е добар човек“, стои во следната порака која се испраќа до Христов, а на која одговара: „Освен да го тргнете ветото и да го пуштат“. Од бугарскиот број се враќа: „Остави го ветото“.
Христов му посочува на соговорникот: „Нема како да помогнеш. Премиерот не може“, а во следна порака додава: „Го наместија“. Соговорникот од Бугарија му посочува: „Многу ми е жал. Но вистината ќе излезе, секој си ги сноси последиците. Јас знам дека тој е добар човек.
Целиот текст прочитајте го на А1 ОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…