Борел ќе присуствувал, но немало да разговара со Лавров
Шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека ќе допатува во Скопје на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Борел на денешната прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел објасни дека не би сакал на советот на ОБСЕ седиштето на ЕУ да остане празно. Тој појасни дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност објави дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември.
-Не гледам знаци на замор во ЕУ од војната во Украина, сите се загрижени и ги препознаваат успесите на Украинците. Не смееме да си дозволиме да бидеме уморни, коментира тој.
Борел истакна дека вкупната помош на ЕУ за Украина веќе достигна 27 милијарди евра. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…