Браварот од СДСМ со нова колумна: Брачен пар од соништата!

t

За некого можеби неважно и ирелевантно, но за некого и те како важно и доходовно е да си водител на емисија на ТВ или да си дел од тој јавен медиум.

Еден брачен пар многу добро си го наплатува тоа по добро зацртана шема . Наводно, господинот водител и неговата женичка, се ,,спријателуваат“ со јавни личности,а посебно со политичари од кои ке имаат гооолем бенефит !

Како, ке прашате ? Е па еве вака- си ја намерачуваат жртвата која може да ги вивне во небесата , го вика во емисија, му прави интервју ( за сосема небитна тема, ама колку да се збори нешто де , што и да е) и на тој начин сите се задоволни , задоволен гостинот- му скока рејтингот ( пред избори обично ) а задоволен и домаќинот- неговата мила женичка станува независен советник на премиерот во владата на РСМ за неверојатен хонорар од 45.000 денари!

Притоа, госпожата е дебело вгнездена на државна цицка, благодарение на влијанието на нејзинииот татко, кој ги користи врските со политичарите па од една скока во друга партија, а истото и го овозможува на ќерката ( од ЛП во ЛДП, од ЛДП во ГРОМ, па од ГРОМ во СДСМ!!! ) и замислете дотичната сопруга на водителот, ќерка на професорот на факултет си ја добила работата на истиот факултет без притоа да вложи ни минимален напор или научен труд според кој треба да стане и таа дел од високото образование.

Притоа, водителот и овозможува на женичката лет во височините ( член на извршениот одбор на СДСМ, највисокиот орган на партијата ) и напредок во кариерата. Што убаво, ем плата , ем хонорорче повисоко од плата , значи вкупно 90.000 само од женичката во семејниот буџет !

НО, тоа не е се драги читатели! Малку им е сето тоа па госпожата е вклучена и во Институт за демократија од каде држи обуки и семинари за насилство, булиинг и слични бла бла теми кои најмногу служат за перење пари !

Колку е вкупниот буџет на ова двочлено семесјтво, на брачниот пар од соништата ? И на што ли ги троши сите тие грдни пари?

Можете ли да замислите ?

И, да биде иронијата уште поголема, сестрата на женичката е назначена за директорка на детска градинка некаде во Скопје ( Аеродром) откако е дојдена СДСМ на власт ( а самата таа ни од далеку не е СДСМ!) …..се разбира, и тука се искористени преговарачките способности на нашиот водител !

Се на СЕ, убав е животот во Македонија , ама зависи за кого !

П.с. Дали ке биде сменета дотичната особа од функцијата независен советник на премиерот за образование и наука ? И дали ке даде отчет што тоа го советувала премиерот ?

Пишува: Бравар

П.П.С. Натрапникот можете да го пронајдете тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…