БРАВО! – Србија ќе поднесе пријави и ќе им забрани влез на учесниците на Европрајд што се исмеваа со Црквата
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, најави дека денеска, евентуално утре, ќе бидат поднесени кривични пријави против одредени учесници на Еуропрајд, а на дел од нив, вели, ќе им биде изречена забрана за влез во државата.
Вулин рече и дека ќе бидат казнети оние кои ја нападнаа полицијата минатиот викенд за време на Европрајд. Тврди дека полицајците постапиле многу професионално во саботата и дека дале се од себе за да не биде загрозена ничија безбедност.
„Дали сте го виделе однесувањето на некои од учесниците на геј парадата? Го видовте ли оној како ги соблекува панталоните пред црквата? Се надевам дека денеска, евентуално утре, ќе поднесеме кривична пријава против некои од нив, бидејќи ќе издадеме и забрана за влез на одреден број лица“, изјави Вулин при посетата на ТВ Пинк, пренесе Танјуг.
На прашањето дали се знае кои се овие лица, Вулин одговори дека се знае кои се и од каде се. Тој рече дека е горд на секој полицаец за тоа како се однесувале на митингот.
„Полицијата максимално професионално си ја заврши работата, бидејќи ѝ беше кажано дека ничија безбедност не смее да биде загрозена“, рече Вулин.
Зборувајќи за оние кои учествуваа во нападите врз полицијата на денот на Европрајд, Вулин рече дека овие хулигани, „ја нападнале полицијата на неколку километри од местото каде што се одржувала геј парадата“.
„Значи не дојдовте ни да протестирате против геј парадата, дојдовте да тепате полиција, да убиете нечиј татко и нечиј брат. За тоа ќе бидете казнети и никогаш повеќе нема да помислите да направите нешто такво“, изјави Вулин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела пријавени 139 заболени од грип,…
Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)…
Затвореник од затвор се јавувал кај угостител…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија…
Митко Јанчев: Од 1 јануари започнува со…
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните…
Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен…
Подводниот кабел за напојување што ги поврзува…
Шефот на Мосад предложи директен напад врз…
Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Директорот…