Бранко Азески се чуди зошто бизнисмени се сметаат за „сомнителни ликови“ во Македонија
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изрази чудење за обичајот „поединечни успешни примери“ на деловни луѓе во државата да се сметаат или да бидат гледани во јавноста како „сомнителни ликови“. Тие, според долгогодишниот прв човек на Комората, требало да станат „пример за секој млад човек“.
„Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е, токму тие успешни примери по правило, кај нас се „сомнителни ликови“ за јавноста и потенцијални противници на секоја политичка номенклатура. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти кои треба да се правдаат зашто се успешни. Звучи неверојатно, но вистинито“, вели Азески во објавата на ФБ-страницата на Стопанската комора, придружена од негова фотографија, на која е исклучена можноста за коментирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бранко Азески се чуди зошто бизнисмени се…
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко…
СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспешното…
Социјадемократскиот сојуз го обвини премиерот Христијан Мицкоски…
Хаос на границите пред продолжениот викенд: речиси…
Продолжениот викенд и празникот 1 Мај предизвикаа…
Две од вкупно десет обврски од реформската…
Од сите десет што се заостанати, само…
Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на…
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието,…