Објавено на:

Бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани судови и јавните институции

t

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, Хасково, Софиска област, Крџали, Шумен, Плевен, Монтана и Габрово.

Полицијата започна инспекции на сите посочени локации и примени стандардни процедури за справување со закани со бомби, објавија „Новините“.

Судската палата во Софија беше евакуирана откако околу 10,30 часот беше примена пријава за експлозивна направа, а полициските единици веднаш започнаа со пребарување на зградата.

Поради мерка на претпазливост евакуиран бил и судот во Смолјан, откако Окружниот суд и Окружното обвинителство добиле заканувачка е-пошта.

Во Стара Загора, сите институции лоцирани во зградата на судот привремено ја прекинаа својата работа за време на спроведувањето на безбедносните проверки. Закажаните рочишта се одложени и ќе бидат закажани подоцна, додека страните ќе бидат навремено информирани за новите датуми.

Слични предупредувања беа примени во Благоевград, каде што полицијата не нареди евакуација на општинската зграда, туку наместо тоа ги прегледа просториите додека вработените продолжуваа со својата работа.

Дополнителни закани за бомби беа пријавени и во Шумен, каде што полициски екипи, исто така, спроведоа безбедносни проверки.

Во текот на утрото заканувачки пораки беа испратени до официјалните е-адреси на институциите, а вработените и посетителите во нив беа евакуирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бран закани со бомби низ цела Бугарија,…

Втор ден по ред јавните институции низ…

Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара…

Намерата на власта не била реформа и…

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица,…

Остануваме цврсто на нашиот став дека на…

Влен: Не може дијаспората само да испраќа…

Коалицискиот партнер Влен жали што дебата за…

Владата донесе одлука за престанок на мандатот…

На денешната седница, Владата ја разгледа и…