Брачен пар нападнат од мечка додека го шетале своето куче!
Во Словачка се случи уште еден напад на мечка, во кој беше нападнат средовечен брачен пар кој го шеташе своето куче по пешачка патека во областа Липтовски Микулас, соопшти денеска Словачкиот институт за заштита на природата.
Во нападот што се случил во неделата попладне, маж се здобил со полесна повреда на стапалото, пренесува ТАСР.
Како што се наведува, за време на прошетката, сопружниците застанале за момент на просторот за одмор, кога мечката ненадејно се приближила.
Животното го повредило стапалото на човекот додека се обидел да ја прескокне заштитната ограда, а парот потоа се сокрил во блиската колиба.
Во официјалното соопштение на Заводот за заштита на природата се потврдени бројни пријави за средби со мечки.
Во неколку окрузи на северот на Словачка кон крајот на март беше прогласена вонредна состојба поради појавата на таканаречените синантропски мечки, мечки кои се навикнаа да живеат во близина на луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фицо: Влегуваме во ужасни времиња
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Русија…
Словачка ќе бара продолжување на исклучоците од…
Словачка планира да разговара со Европската Унија…
Мечка ги изненади жителите на село Петралица…
Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа…
Фицо продолжува по старо… Немало да дозволи…
Во неделата, словачкиот премиер Роберто Фицо вети…
ЦУК: Ослободена мечка од стапица во близина…
По повик на главниот инспектор за ловство…