Браќа од Македонија прават „парче“ со македонски бурек во Сиднеј: Семејниот бизнис го проширија на континентот
На „Гуд Фуд Австралија“ беше објавено дека „во Сиднеј има навистина добра храна за која веројатно не сте слушнале“. Многу луѓе таму можеби не слушнале за неа, но всушност станува збор за многу добро позната храна во нашето подрачје – бурек!
Браќата Македонци, Никола и Јован Радевски секое утро печат неколку видови солени и слатки буреци според рецептот на нивниот македонски прадедо. Ги продаваат во нивното кафуле „Рокдејл“.
Во Сиднеј, не многу луѓе знаат за бурекот како гастрономско задовоство. На Австрлијанците познати им се гирото и ѓозлезето, но сепак влегуваат во кафуле и прашуваат што е бурек, вели Јован Радевски.
Good Food Australia пишува дека бурекот на браќата Радевски е една од најпотценетите јадења во Сиднеј. Тестото е исполнето со свежа рикота и фета сирење, а она со месо зачинето е со мешавина од мелено говедско месо и карамелизиран кромид. Вкупно, тие прават седум видови бурек.
Многу луѓе во Сиднеј не знаат за бурекот, но браќата Радевски пораснале со бурек. Нивниот прадедо Божин Радевски го произведувал, а нивниот татко Ристо Радевски ја продолжил традицијата во ресторанот за брза храна „Пела Бурек“ во Рокдејл.
– Го јадевме секој ден, а тато ми нè научи како да го правиме, рече Јован Радевски, чиј татко го затворил тој ресторан во 2011 година.
Иако Јован студирал трговија, а Никола бил воздухопловен инженер, тие никогаш не престанале да размислуваат за бурекот. Во 2018 година, го изнајмиле просторот, го реновирале и поставиле маси за 15 лица.
– Моравме да ја продолжиме семејната традиција, вели Радевски. Целта на него и неговиот брат беше да го запознаат пошироката заедница во Сиднеј со бурекот, а за да го постигнат тоа, некои работи ги прават поинаку. Тестото е полесно, со сончогледово масло наместо свинска маст. Тие исто така се прилагодуваат на ограничувањата во исхраната, па затоа бурекот од компир и праз е целосно на растителна основа, но доволно вкусен за да ги импресионира сите. Состојките ги добиваат локално, а месото од либански месар или директно од добавувачи во Македонија.
Во август, браќата купија машини за пастеризација и конзервирање за да почнат да го прават сопствениот матеница, што се покажа како хит кај клиентите. Тие продаваат до 400 конзерви матеница неделно.
Бурекот се прави секојдневно, а често и по нарачка.
Фото: Инстаграм
Извор: Jutarnji.hr
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Браќа од Македонија прават „парче“ со македонски…
На „Гуд Фуд Австралија“ беше објавено дека…
Клинтонови бараат јавно сведочење за Епстин
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата…
„Томовски ќе ги организира тендерите, Ковачки за…
Наместо нови лица – стара банда. Вака…
Арагчи: Иран би можел да нападне американски…
Иран би можел да нападне американски бази…
Додик по враќањето од САД: ЕУ ќе…
Милорад Додик, по враќањето во Бања Лука…