Бренд концепти(1.): BMW – бренд што ве дефинира
Атрактивен бренд. Со проширено ниво. Бренд кој има и дава статус. Сттусните брендови не ги дефинираат само производите и услугите. Тие не дефинираат нас. БМВ е “корпоративен бренд“ што дефинира. Целосен бренд концепт. Подеднакво, машината што сакаме да ја управуваме, и нас, заљубениците во изведбата на таа БМВ машина. Корпоративноста на БМВ значи дека името на компанијата и името на брендот се исти. За разлика од другите производители на автомобили/моторцикли како Форд, Фолксваген или Тојота, тој не троши пари на создавање подбрендови. БМВ нема еквивалент на Мондео, Буба или Лексус. Тој едноставно има БМВ. Ова доведува до поголема способност за дефинирање на неговите клиенти, барем потенцијално.
БМВ практикува стратегија наменета да ја заштити неговата положба на светскиот пазар. Оваа стратегија опфаќа како производство на автомобили/моторцикли така и услуги за подршка што им се нудат на клиентите. Стратегијата се состои во следното:
- Автомобилите може да се персонализираат според потребите на клиентите: тие може да ја изберат која било боја, можност што ја нудат само Ролс ројс и Астон Мартин; постои голема разновидност на опции во поглед на внатрешното уредување.
- БМВ не се интересира за спортски кои и за модели купе. Тие сепак планираат да извршат диверзификација во областа на моноспејсите.
- Продажните застапништва во разни земји се поврзани со продавници за резервни делови лоцирани на стратешки места.
- БМВ располага со возила за помош што може да интервенираат кај клиентите на кои им се случил дефект.
- БМВ настојува да остане независен и за разлика на многу производители на автомобили ги избегнува заедничките потфати со други компании.
Спроведувањето на наведните стратегии се одвива преку мобилизирање на разни способности, специфични ресурси и посебни начини на организација на компанијата. Основа на се е диференцијацијата, способност компанијата да создаде производ што е признат како единствен, оригинален и уникатен, како и фокализацијата, што значи концентрирање на посебна клиентела, географска област или сегмент на пазарот, што значи во суштина покривање на поограничен пазар, ново подобри услови на опслужување на клиентите.
Предизвикот за секој корпоративен бренд е да одржува постојан идентитет. Сепак, со секоја нова насока постои ризик од разводнување на имиџот на БМВ. Ова не се случи, бидејќи БМВ беше цврсто насочен на еден атрибут – изведба на моторот. Кога компанијата започна во Минхен во 1916 год., таа произведуваше мотори за воздухоплови (сино-белото лого на БМВ треба да претставува небо гледано преку елиса во движење). Во 1923 год. се префрли на мотори и камиони и од 1928 год. започна да произведува автомобили. Меѓутоа, акцентот на изведбата на моторот остана постојана. Навистина, таа дури и се одразува во самото име БМВ, кое не е бесмислено и значи Bayerische Motoren Warke (Баварска фабрика за мотори).
Уживањето во управувањето, возењето со БМВ, за брендот е светост. БМВ прави се да обезбеди уживање што трае во возењето. Во име на уживањето БМВ ги дизајнира автомобилите така да ветерот помага поголема брзина. БМВ користи висока технологија и лесни матгеријали кои овозможуваат полесно спротивставување на гравитацијата и досегнување подалеку. Постојано ги унапредуваат моторите со цел максимално да се искористи секоја капка гориво. БМВ овозможува да стартувате со возење и да се возите на вистински начин. Се додека вашето уживање е определба на БМВ, вие можете да возите со мирна совест. Ова ветување – уживање БМВ го обезбедува за вас.
Се разбира, БМВ е луксузен и елитен бренд. Не може секој да си го дозволи. БМВ привлекува луѓе кои не прифаќаат второ место, преку неговиот главен организаторски принцип за брендот “врвна машина за возење’. Се разбира, “врвна“ е чисто субјективен поим, а не нешто што може легално да се провери, но звучи како храбра изјава, а тоа, во смисол на брендирањето е главното. Како резултат на овој цврст фокус, кој постоеше 30 години, преку три посебни рекламни агенции, БМВ стана совршена изјава за личноста. Покрај се, ако брендовите ни помагаат да дефинираме кои сме, ниту еден бренд не го прави тоа подобро од БМВ.
БМВ: Задоволство во возење автомобил. Луксуз на четири тркала. Синоним за стил, елеганција, отменост и луксуз. Магија и моќ, произлезени од совршениот спој на елеганција, дизајн и спортска донамика. Перформанси кои возењето го претвараат во вистинско доживување, немерлива возбуда и задоволство што трае. БМВ е вашиот став. Ве води во вашиот следен чекор со кој ве оддалечува од просекот, а ве воведвуа во авангардноста. Тоа го овозможуваат неговите можни мотори, кои се ремек дело на динамичното и ефективно инжињерство. БМВ инжињерство. Автомобил што вашата амбиција ја претвора во успех. Направен од ексклузивни материјали, кои просторот го прават луксузен.
Со БМВ патувате од сегашноста во иднината. Зарем тоа не е ваш став?! Amazing automobile.
Тајни на успехот:
- Дефиниција. БМВ го дефинира својот сопственик. Тој вели дека сопственикот најверојатно е добро ситуиран, има статус во заедницата, бара адреналин, конкурентен е, мотивиран и бара “врвно“ доживување.
- Фокус. Иако БМВ ја направи чудната грешка, однсоно стана наменет и за богати, но и за не така богати клиенти, во принцип го задржа цврстиот фокус на својот моќен корпоративен бренд.
Факт бр. 1 за брендот: групата БМВ во моментов има 23 производствени и монтажни фабрики во седум земји.
Факт бр.2 за брендот: Групата БМВ ја доби Наградата за најдобар иноватор во 2004 год., по оценка на публикацијата Wirtschaftswoche и консултантите за менаџмент А.Т.Кирни.
Факт бр.3 за брендот: Во 2002 год. Групата БМВ беше првата европска компанија која ја доби Наградата за извонреден корпоративен иноватор во САД.
Сотир Костов
П.С.
Со отпочнувањето нов циклус колумни “Бренд концепти“, на Александар “Мечка“ и на сите во Инфомакс им посакувам добро утро, добар ден и добра ноќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…