Објавено на:

Британската нуклеарна подморница ХМС Ансон влезе во Арапското Море

t

Британски воени извори објавија дека нуклеарна подморница на Кралската морнарица пристигнала во Арапското Море, а со тоа и можност за лансирање крстосувачки ракетни напади, објавија денес британските медиуми.

ХМС Ансон, опремен со ракети за копнен напад Томахавк Блок IV со дострел од 1.600 километри и тешки торпеда Спирфиш, го напушти пристаништето Перт на 6 март и се верува дека зазема позиции во длабоките води на северното Арапско Море, објави Дејли Меил, повикувајќи се на извори кои рекоа дека ова би можело да значи дека британските сили имаат можност да лансираат напади врз Иран доколку конфликтот ескалира.

Веста дојде откако Даунинг стрит во петокот објави дека британскиот премиер Кир Стармер се согласил да им дозволи на САД да ги користат британските бази за лансирање напади врз иранските воени локации долж Ормутскиот теснец. ХМС Ансон, кој е на 8.500 километри од западниот брег на Австралија чекајќи наредби, излегува на површина на секои 24 часа за да комуницира со британскиот воен штаб во Нортвуд, во близина на Лондон. Британските воени претставници велат дека британскиот генерал-полковник Ник Пери, шеф на заедничките воени операции, ќе даде наредба за пукање доколку премиерот Стармер одобри.

ХМС Ансон, најмодерната британска подморница, нема стандарден перископ, но ја прикажува површината на огромен телевизиски екран, а нејзиниот нуклеарен реактор не треба да се дополнува со гориво во период од 25 години. Покрај тоа, таа е способна да ја обиколува планетата без да излегува на површина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Трамп: Американската војска уништи подморница која со…

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…