Британскиот министер за одбрана му се закани на Путин: Шкотската гарда го исплеска по газот царот Николај I во 1853 година на Крим – секогаш можеме да го направиме тоа повторно

Секретарот за одбрана на Обединетото Кралство го обвини Владимир Путин дека полудел, по ситуацијата во Украина и го спореди со царот Николај I за време на Кримската војна.
Во коментарите зад камерата, Бен Валас рече дека неговиот стар полк, Шкотската гарда, „го исплескале по газот“ рускиот цар на Крим и „секогаш можеме повторно да го направиме тоа“.
Коментарите доаѓаат додека министерот од кабинетот разговараше со воениот персонал што служи во зградата на Коњичката Гарда во Вестминстер.
Тој рече: „Ќе биде зафатена армија. За жал, сега имаме противник во Путин, кој целосно се повампири“.
Валас рече дека Обединетото Кралство има персонал на готовст за да одговори на кризата, додавајќи: „Шкотската гарда го исплеска по газот царот Николај I во 1853 година на Крим – секогаш можеме да го направиме тоа повторно“.
Тој продолжи: „Цар Николај I ја направи истата грешка што ја направи Путин, тој немаше пријатели, немаше сојузници“.
Коментарите дојдоа откако Украина прогласи вонредна состојба на национално ниво во траење од 30 дена поради стравувањата од руска инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…