Објавено на:

Британските пратеници воодушевени од говорот на Зеленски: Бараат украинскиот претседател да добие титула витез

t

Британските пратеници предложија претседателот на Украина, Володимир Зеленски да ја добие титулата витез, пренесува Танјуг. Тие побараа од премиерот Борис Џонсон да го номинира Зеленски како знак на признание за храброста и инспиративното лидерство, објави „Сан“.

Пратениците од сите британски партии го повикаа премиерот да му ја додели титулата почесен витез на Зеленски, по неговиот говор пред целосниот британски парламент, преку видео-врска од неговото засолниште во Киев.

„Сан“ наведува дека кога му било понудено да ја напушти Украина за САД, Зеленски (44) одговорил:

– Тука има борба. Ми треба муниција, а не превоз.

Тори Боб Сили, од Комитетот за надворешни работи на Долниот дом, рече дека Зеленски е вистински лидер и дека храбро застанал покрај народот со својот пример.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медиуми: Германски шпиони тајно им помагаат на…

Германската надворешна разузнавачка служба БНД со месеци…

САД ќе ѝ даде нови 18 ракетни…

САД вчера објавија дека на Украина ќе…

Толку од Украина, ситно броиме до војна!…

Церемонијата на потпишување на договорот за припојување…

Ќе почне ли тогаш “вистинската” војна? Луганск…

Луганската Народна Република треба да стане дел…

Брнабиќ: Србија не е неутрална, ја осудуваме…

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека на…