Британското Министерство за одбрана со нови разузнавачки информации, пишува и за Белорусија

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на разузнавачките служби, во кој се обработуваат информации за ситуацијата во Белорусија, каде вчера беше објавено дека се одржуваат големи воени вежби.
Белоруски копнени сили се забележани како се распоредуваат од гарнизоните на терен, заради вежби, се вели во соопштението.
Притоа се проценува дека активностите не се подготовки за инвазија врз Украина, туку во рамки на вообичаената практика белоруската армија во мај да го заокружува зимскиот циклус маневри.
Во документот уште се проценува дека Русија „најверојатно ќе настојува да ја искористи засилената закана што за Украина претставуваат маневрите“, во смисол што засилените активности на белоруската армија ќе ги фиксира украинските сили во северниот дел на земјата спречувајќи нивен ангажман во борбите за Донбас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Можете да кажете сè, ама дека…
Можете да кажете се, ама дека во…
(Видео) За разлика од македонските навивачи што…
Црногорските навивачи во Подгорица аплаудираа на српската…
Рекација на Чкембари: Полицијата без никаква селекција…
Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер…
Захарова “бесна на Македонците”: Македонската влада прави…
Македонија има намера да ѝ испрати на…
Советот за безбедност на ОН не ја…
Советот за безбедност на ОН не ја…