Брод со мигранти потона во Грција, еден загинат и тројца исчезнати
Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати откако брод со мигранти потона кај грчкиот остров Самос рано утрово, потврди крајбрежната стража. Дваесет и шест мигранти успеаја да стигнат до брегот во областа Петалидес и ги известија властите дека други се во морето, објави „Еуроњуз“.
Веднаш беше започната масовна операција за пребарување и спасување во која учествуваа бродови на крајбрежната стража, хеликоптер, приватен брод и копнени екипи. Телото на една жена беше пронајдено за време на пребарувањето, додека операциите продолжуваат за пронаоѓање на три исчезнати лица. Националностите на мигрантите сè уште не се објавени.
Инцидентот е најновиот во низата неодамнешни трагедии со мигранти во грчките води. На 6 декември, грчките власти пронајдоа 17 тела и спасија двајца мигранти од брод во близина на Крит.
Само два дена подоцна, на 8 декември, 12-годишно момче почина откако беше удрено од пропелер на брод кога шверцер наводно ги принудил мигрантите да скокнат од глисер во близина на Самос. Една недела подоцна, 28 мигранти беа спасени, а тројца се водат како исчезнати откако нивниот брод удри во карпи во близина на истиот остров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брод со мигранти потона во Грција, еден…
Едно лице загина, а тројца се водат…
Велика Британија постигна договор со Ангола и…
Ангола и Намибија се согласија да го…
Пожар во центарот на Атина: Две лица…
Двајца мажи беа пронајдени мртви во стан…
Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на…
Брод со мигранти се преврте во Сенегал…
Најмалку 12 лица загинаа кога брод што…