Брука невидена: Полицијата застанува автобуси на ЈСП и ги испраќа на технички преглед
Срам за државата. Накратко само вака може да се опише денешната несекојдневна ситуација во главниот град на државата.
Имено Инфомакс дојде до информација дека во центарот на град Скопје се сопрени 10-тици автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје од страна на полицијата.
Не се работи за изолиран случај туку за континуирана пракса откако Скопје ја доби првата жена градоначалник.
Не само што полицијата ги запирацавтобусите на ЈСП и го ремети возниот ред и обврските на граѓаните во пикот на сообраќајниот шпиц во Скопје, туку автобусите на ЈСП ги испраќа на вонреден технички преглед.
Пресметката на централната власт со градоначалничката Данела Арсовска по се изгледа го допре дното.
Ова се случува само неколку часа откако Арсовска како претседател на ЗЕЛС, апелираше до Владата да им помогне на општините поради енергетската криза бидејќи помалите општини може да останат без електрична енергија како резултат на енормниот пораст на цените на струјата.
Да потсетимте дека ова не е изолиран случај во кој МВР се користи како алатка на власта за пресметка со Арсовска. Целата јавност се сеќава како само една недела по доаѓање на власт на Арсовска во Скопје беа угаснати сите семафори во централното градско подрачје со цел да новата градоначалничка да биде обвинета за сообраќајниот хаос во градот.
Иако Инфомакс доби потврда дека постоела наредба од МВР за гаснење на семафорите како резултат на вежба на полицијата, никој од МВР, ниту од централната власт не се извини на Арсовска, но и граѓаните за хаосот тој ден во Скопје.
Не очекуваме од МВР да им се извинат на граѓаните ниту за денешните непријатности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…