Објавено на:

Брутална порака од Белгија по победата над САД: Поништете го сега ова!

t

Убедливо со 4:1 Белгија го победи САД во меч од осминафиналето на СП 2026. Дуелот предизвика многу внимание поради контроверзната одлука на ФИФА која му дозволи на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун да игра, иако требаше да биде суспендиран.

Фоларин Балогун доби црвен картон во претходниот дуел против Босна и Херцеговина, што автоматски значи најмалку еден меч суспензија. Сепак, по реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, Челниците на ФИФА решија да му ја „замрзнат“ суспензијата на Фоларин Балогун и голгетерот на САД сепак да игра против Белгија.

И со Балогун на теренот, САД беше немоќен против поквалитетната Белгија и на крајто загуби со 1:4. Веднаш по мечот, официјалната страница на белгиската фудбалска репрезентација на социјалните мреѓи упати порака, покажувајќи колку беа огорчени и разочарани што ФИФА направи преседан и ја поништија суспензијата на Балогун, само за да може да игра во осминафиналето.

По победата од 4:1, на социјалните мрежи на белгиската репрезентација стоеше пораката „Поништете го ова“ со фотографии од прославата на головите на Белгија. Едноставно Белгија покажа дека е поквалитетен тим од САД, а според многумина со нивниот пласман во четвртфиналето, правдата е задоволена.

Капитенот на Белгија, Јури Тилеманс вели дека контроверзната одлука на ФИФА само помогнала тие да бидат дополнително мотивирани да победат.

„Да бидеме искрени, кога ја слушнавме таа вест за поништување на суспензијата, веднаш одржавме состанот. Се договоривме дека мораме да покажеме на теренот и тоа денеска го направивме. Многу сум горд на екипата“, задоволно прокоментира Тилеманс по победата над САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брутална порака од Белгија по победата над…

Убедливо со 4:1 Белгија го победи САД…

Кристијано Роналдо се збогуваше од светските првенства

Кристијано Роналдо (41) нема по најдобро да…

Иран погоди два комерцијални брода во Ормутскиот…

Иранската војска испали најмалку две ракети кон…

Макрон во посета на Сирија, ќе се…

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…

Денес се празнува Раѓањето на Свети Јован…

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата…