Бугарите се резилат и по светот: Собираат потписи за петиција за забрана на „Месец на македонското малцинство“ во САД

t

Бугарите кои живеат во САД собираат потписи во петицијата до Конгресот против т.н „Месец на македонското малцинство“ во САД, пренесува Бугарската национална телевизија.

Потписите ги собира патриотската организација Пирин по повод предлог-резолуцијата на повеќе конгресмени, чија цел е да се одбележи придонесот на Македонците во американската историја, да се слават „нивниот јазик и култура“.

Меѓу покровители на нацрт-резолуцијата е и конгресменот Клаудија Тени, која го покрена прашањето за можни санкции против Бугарија поради одбивањето да го поддржи почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Локалната патриотска организација Пирин наведува дека голем дел од лицата во предлог-резолуцијата се наведени како Македонци, а тие се Бугари.

Најстарите организации на Бугарите кои емигрирале во САД тврдат дека предлог-резолуцијата содржи директни фалсификати, како на пример дека Бугарите од Македонија кои емигрирале во Америка по Илинденско-Преображенското востание и Балканската војна се претставени како Македонци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбрана ќе набавува осум нови хеликоптери, најавува…

Министерството за одбрана ќе набавува нови повеќенаменски…

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има…

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика…

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во…

Ахмети го назначи Рафис Алити за кординатор…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во…

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…