Бугарија исплашена од Русија: Бараат гаранции дека нивното оружје нема да заврши во Украина

t

Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, лидер на вонпарламентарната партија Алтернатива на бугарската преродба, Румен Петков изјави дека бугарското оружје може да заврши во Украина.

Како што рече, по повлекувањето на американските сили од Авганистан, во таа земја била пронајдена муниција на која пишува „made in Bulgaria“. Истовремено, тој потсети дека во Авганистан останало огромно количество оружје по повлекувањето на војниците.

„Би сакал некој да ни даде гаранции дека нашите американски браќа нема да префрлат бугарско оружје во Украина“, изјави Петков за телевизијата Европа.

Како што рече, тоа би било катастрофа за Бугарија.

„За нас е многу важно за Бугарија бугарското оружје да не заврши утре во Украина и да не биде употребено против Русија, бидејќи во тој случај би било невозможно да не помислиме дека Бугарија е исклучително активна во потенцијална војна против Русија.

„Тоа би било катастрофа во однос на нашата историска меморија, нашите вредности, нашиот морал, но пред се – за нашите денес и утре“, изјави подоцна Петков за радио ФОКУС.

Во јануари партијата Алтернатива на бугарската преродба претстави декларација со која категорично се спротивставува на учеството на Бугарија во потенцијална конфронтација во Југоисточна Европа и Црното Море.

Кога станува збор за извозот на бугарско оружје, значителен раст е забележан во 2015 година, кога вредноста на извезеното оружје изнесуваше над 640 милиони евра, а главни купувачи на бугарско оружје се Ирак, Саудиска Арабија, Индија, Авганистан и САД. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…

„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…