Бугарија може мирно да спие: Петков пресреќен, Македонија нema да ја нaпaдне Софија

t

„Многу луѓе вчера видоа дека она што успеавме да го направиме е дека ја добивме нотата (од Македонија), а тие не успеаја тоа да го постигнат“.

Вака пред новинарите во Софија изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков за вчерашната посета на Македонија, мислејќи на нотата со која нашата земја се обврзува дека нема територијални претензии кон Бугарија. Според Петков, тоа е многу поважно од договорот за користење на кусото име на земјата „Северна Македонија“, пренесува МКД.

– Тоа е нешто нормално тие да го кажат, но за нотата се зборуваше, се зборуваше и се преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап, ја добивме. Тука треба да се разбере декасредбата вчера беше огромен успех – изјавил Петков.

Тој пред новинарите кажа и дека работни групи ќе расправаат за делот од историјата во кој имало фашистички режим во цела Европа и како тоа влијаело на територијата на денешна Република Северна Македонија, а за тоа повеќе ќе расправа историската комисија.

– Многу поважно од тоа е дека се согласивме да имаме транспортна врска од Софија до Скопје за 60 дена. Тоа ќе се направи на најтранспарентен начин – вели Петков.

На слично мнение со Петков е и македонскиот професор и политички аналуитичар Ѓорѓи Спасов, кој на својот фејсбук профил напиша дека Бугарија сега може мирно да спие.

„Денес со нота до ОН ги информиравме дека името Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија.

Со тоа ја смиривме Бугарија која е членка на НАТО и на ЕУ и пет пати поголема од Северна Македонија дека со нашето име не имплицираме територијални претензии кон соседната држава.

Ова е голем успех за бугарската дипломатија која со оваа гаранција од нашата земја ги отстрани сите сомневања дека еден ден ќе ја нападнеме и ќе ја освоиме цела Северна Македонија на Балканот.

Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме, да напаѓаме и да освојуваме туѓи територии.Затоа од денес Бугарите треба мирно да спијат. Решија еден многу голем проблем. А ние останавме без шанса да ги развиваме нашите освојувачки стратегии“, пишува Спасов на својот фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…