Бугарија се подновува: Ќе набават воена опрема од САД во вредност од 1,6 милијарди долари

Америка и продава авиони и опрема на Бугарија за 1,6 милијарди долари
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони F-16 C/D Block 70 и соодветна опрема на Бугарија за 1,673 милијарди долари, соопшти денеска американското Министерство за одбрана.
Главен изведувач во овој бизнис треба да биде компанијата „Локид Мартин“, соопштија од Пентагон, пренесуваат американските медиуми.
Барањето на Бугарија, како што е наведено од Пентагон, вклучува купување на четири авиони F-16 C Block 70, четири авиони F-16 D Block 70, 11 мотори, 11 подобрени генератори (iPDG) и 11 AESA AN / APG-83 радари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…