Објавено на:

Бугарки „оперирале“ во Сплит — толку се фокусирале на нечиј ранец, што не ги забележале полицајците

t

Во центарот на Сплит, вчера напладне, полициски службеници вршејќи должности за спречување на криминал, спречиле извршување кривично дело против странски државјанин, објавија хрватските медиуми.

Полициските службеници забележале две жени како се однесуваат сомнително и ги виделе како земаат паричник од ранец на човек кој го носел на грб. Брзата реакција на полициските службеници спречила извршување на кривичното дело кражба, а паричникот бил вратен на сопственикот.

Двете жени државјанки на Бугарија биле уапсени и приведени во полициската станица. Спроведената кривична истрага утврдила постоење на основано сомнение дека, покрај опишаниот обид за кражба, истиот ден, 14 јуни 2026 година, помеѓу 11 и 12 часот, на друга локација во центарот на Сплит, паричникот што се наоѓал во ранец на турист, бил украден од нив.

По завршувањето на истрагата, против двете Бугарки ќе бидат поднесени кривични пријави до надлежното државно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарки „оперирале“ во Сплит — толку се…

Во центарот на Сплит, вчера напладне, полициски…

Kај „Машка плажа“ во Струга пронајдено безживотно…

Полицијата во Струга соопшти дека до нив…

(Видео) БГНЕС објави снимка од инцидентот: Се…

Бугарската информативна агенција БГНЕС објави видео од…

Измерени 1,93 промили кај моторџија, остана без…

Полицијата го одзеде моторот на возач кај…

Судење за Пулс: Обвинетите полицајци не ги…

Обвинетите деветмина полициски службеници во случајот Пулс…