Бугарската потпретседателка Јотова ќе ја посети Македонија: На агендата за посета е и Охрид

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во посета на Македонија на 16 и 17 април.
На покана на Културниот центар „Иван Михајлов” таа ќе го отвори новиот клуб на ова здружение, јавија бугарските медиуми.
На 17 април, Јотова ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој”.
Јотова ќе биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти”.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жозеп Борел денеска во посета на Македонија
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи…
Американскиот советник Шоле наредната недела во Скопје
Вишиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек…
Ердоган денеска ја почнува тридневната посета на…
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска…
Грчкиот министер за надворешни работи во посета…
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска…
Петков ќе го посети Киев – Наскоро…
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју…