Објавено на:

Бугарскиот митрополит во Америка пет дена беше исчезнат

t

Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија Јосиф, кој беше пријавен за исчезнат во Њујорк, е пронајден жив и во добра општа здравствена состојба во болница на Менхетн во Њујорк, пренесе „Ортодокс тајмс“.

83-годишниот архијереј, кој е на чело на бугарската црква во прекуокеанските земји 40 години, бил примен во болницата откако се повредил во сообраќајна несреќа во петокот, на 7 август.

Митрополитот Јосиф последен пат бил виден околу 10 часот наутро. Помалку од половина час подоцна, њујоршката противпожарна служба добила пријава за пешак кој бил удрен од автомобил на Западната 47-ма улица и 10-та авенија. Повредениот бил пренесен со возило на итната медицинска помош во болница, но властите првично не ги поврзале двата случаи.

Во саботата, полицијата во Њујорк објавила соопштение за потрага по митрополитот.

Клучна улога во утврдувањето на неговата локација одиграло локалното издание „W42ST“. Негова читателка испратила фотографија од местото на сообраќајната несреќа, на која се гледа постар маж со бела брада и во долга црна облека, како го пренесуваат на носилка.

По објавувањето на полициското соопштение, заменик-главниот уредник на изданието, според карактеристичната бела брада и темната облека, препознал дека човекот на фотографијата најверојатно е митрополитот Јосиф, кој бил пријавен за исчезнат.

Редакцијата ја доставила фотографијата и информациите до полицијата, по што истражителите успеале да утврдат дека исчезнатиот архијереј се наоѓа во болница на Менхетен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот митрополит во Америка пет дена беше…

Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија…

БПЦ за „Софија Прајд“: Гревот не може…

На денот кога ќе се потсетиме на…

Провокација или грешка? Прво заедничко сослужување на…

Сретение Господово е еден од дванаесетте празници…

Бугарската црква го призна томосот на МПЦ…

Светиот синод на Бугарската православна црква на…

Бунт во бугарската православна црква: Свештеници се…

Неочекувани реакции се случија во бугарската православна…