Бугарскиот премиер пресече: Нема да го повлечеме ветото, туку ќе го поместиме ѝ даваме пат на Македонија кон ЕУ, ама тој пат е поплочен со барања

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за членство во ЕУ, туку дека требало да се помести.

– Промената на Уставот во Македонија мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас – изјави бугарскиот премиер во интервјуто за бугарската Нова ТВ.

Според него, важно прашање се правата на Бугарите во Македонија.

– Ѝ даваме пат на Македонија кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму – нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен пешак во Сарај со тешки повреди…

Седумдесет и шестгодишен скопјанец со автомобил удри…

Товарно моторно возило со скопски регистарски таблички…

На 25.03.2023 во 06.00 часот било пријавено…

(Видео) Како Мицкоски тврдеше дека двојазичните униформи…

Трета Опција преку Фејсбук се потсети на…

ЕВРОПА ОСТАНА БЕЗ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА, Украина…

Британија и Франција веќе објавија дека им…

Струмичанец „фатен“ со 2,34 промили алкохол како…

Струмичанецот, под сериозно дејство на алкохол, возел…