Објавено на:

Бугарски европратеник се жали од Вајц: Бил под диктат на Мицкоски и Муцунски

t

„Секоја промена на европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Македонија во Европската Унија“. Ова го изјавил бугарскиот европратеник Илија Лазаров од Европската народна партија, коментирајќи ги, како што вели, обидите за ревидирање на европските услови за официјално Скопје.

Според него, известувачот во Европскиот парламент Томас Вајц дејствува во близок контакт со македонската Влада.

„Томас Вајц е целосно под туторство на Мицкоски и Муцунски и работи практично под нивен диктат. Она што тие го сакаат секогаш е вклучено во неговиот нацрт-извештај. Што ќе биде прифатено е друга тема“, истакнал Лазаров.

Тој потсетил дека минатата година бугарските европратеници успеале да блокираат предлози поврзани со македонскиот идентитет и јазик, што, според неговите зборови, предизвикал „потсмев“ во Комитетот за надворешна политика.

„Сите 17 бугарски европратеници работеа едногласно во тоа време, потпишаа и испратија две писма до Роберта Мецола, до сите колеги по целиот синџир. Бугарскиот став беше прифатен и разбран – амандманите не поминаа“, кажал бугарскиот европратеник.

Според Лазаров, сега се прави обид да се отстрани вториот протокол, кој е дел од таканаречениот „француски предлог“.

„Францускиот предлог“ е прифатен од 27-те земји-членки, потпишан и прифатен од тогашната актуелна влада на Северна Македонија и ратификуван од нивниот парламент. Сето ова помина и не е предмет на коментар – мора да се спроведе“, додал Лазаров.

Тој пренел дека на стредбата со претседателката Илијана Јотова на оваа тема, бил договорена заедничка позиција на сите бугарски институции – претседателот, Советот на министри, Министерството за надворешни работи, парламентарните партии претставени во следното Национално собрание и сите 17 европратеници.

„Мора категорично да изјавиме: секоја промена што би можела да се постигне во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија“, вели Лазаров.

На прашањето на БГНЕС дека „непристојниот“ став на Скопје е идентичен со ставот на еврокомесарка за проширување Марта Кос и дека во тоа се гледа влијанието на поранешните југословенски тајни служби, Лазаров истакнува дека е време да се реагира на тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…

Лазаров – Ова не е нopмално: Се…

Доктор Ненад Лазаров открива детали за хаосот…