Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за смртта на 6-годишно дете кое почина на стоматолошка операција

Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против лекар за предизвикување на смртта на 6-годишно момче кое почина по стоматолошка операција.
Анестезиологот со иницијали П.М. ги прекршил општите правила за добра медицинска пракса, не успеал соодветно да ја процени состојбата на пациентот врз основа на историјата на болеста и симптомите и дал третман кој не бил безбеден и со висок квалитет – препишал поголема доза од потребната од еден од лековите, се наведува во обвинението.
Обвинителството информира дека во случајот се преземени бројни дејствија – испрашување на сведоци, судско-медицинско вештачење и треба да се назначи сложено судско-медицинско вештачење, како и дополнително токсиколошко вештачење. Трагедијата се случи во април, а потоа во Пловдив се одржаа протести. На почетокот на мај, роднини, пријатели и многу жители на Пловдив се собраа пред приватната клиника каде што почина 6-годишниот Ангел.
Демонстрантите инсистираа да влезат во клиниката, но полициски кордон ги спречи. Скандирајќи „Убијци“ и „Сакаме правда“, лутите луѓе почнаа да фрлаат шишиња со вода и скршија еден од прозорците на влезот во клиниката, потсетува БНР. „Сакаме стоматологот и анестезиологот да излезат и да ни објаснат што направиле што предизвикало смртта на нашето дете“, рекоа тогаш родителите на починатото момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…